ЕХФ: Алкалоид е победник на Европскиот куп

Ракометниот клуб Алкалоид е победник на Европскиот куп, одлучи денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпревар кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп.
- Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во врска со случајот отворен откако беше откажан реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25 мај 2025 година во Скопјe. Ракометниот суд утврди дека АЕК бил должен да игра на закажаниот натпревар. Со одбивањето да го стори тоа, клубот ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ и затоа е одговорен, се вели во официјалното соопштение од ЕХФ.
Судот, како што се додава во соопштението, одлучил резултатот од реваншот од финалниот натпревар на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, меѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, да се регистрира со 10-0 за РК Алкалоид.
- Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 25-29. РК Алкалоид е затоа победник на Европскиот куп за мажи на ЕХФ за сезоната 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула. Секоја жалба против овие одлуки нема да има суспензивно дејство. Одлуката што се разгледува само ги опфаќа аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек. РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена, се наведува во соопштението.
Со освојувањето на првиот европски трофеј РК Алкалоид запишува историја за себе и за македонскиот ракомет.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
