-->
-->
Лазаров ја предводеше Барса во триумфот над Монпеље
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ја предводеше својата екипа Барселона во убедливиот триумф над францускиот Монпеље со 37:27.
Лазаров постигна 12 голови (без ниту едно промашување) во победата на актуелниот европски првак над Монпеље, со која шпанскиот тим се проби на 2.место на табелата во Б групата, зад лидерот Вардар.
Македонскиот првак е единствената екипа во Лигата на шампионите кој по 4 одиграни натпревари има максимален учинок., откако вчера Вардар славеше над германскиот Рајн Некар Л.
Резултати од 4.коло во Б групата
Сабота
Вардар (Македонија) - Рајн Некар Левен (Германија) 25:19
Киелце (Полска) – Кристианштад (Шведска) 35:27
Барселона (Шпанија) – Монпеље (Франција) 37:27
Недела
16,50 Колдинг (Данска) – Пик Сегед (Унгарија)
Табела: Вардар 8 бодови, Барселона 6, Рајн Некар 5, Киелце 5, Кристианштад 2, Пик Сегед 2, Монпеље 2, Колдинг 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес