Лавров: Русија ќе стори се што е во нејзина моќ за решавање на кипарското прашање

Русија ќе стори се што е во нејзина моќ за решавање на кипарското прашање, но се противи на поставување вештачки рокови и обиди за наметнување решение од други земји, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со лидерот на Прогресивната партија на работниот народ (АКЕЛ) Андрос Киприану, јави ТАСС.
- Сепак го поддржавме усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Кипар. Сметаме дека решението за двете кипарски заедници треба да се донесе преку консензус и без обиди на надворешните играчи да наметнуваат какви било решенија, рече Лавров.
- Ќе правиме се што е во наша моќ за постигнување на решението, но се противиме на вештачки рокови и ултиматуми поставувани однадвор, додаде тој.
Киприану и се заблагадари на Русија и лично на Лавров за помошта, укажана во напорите за решавање на кипарското прашање.
- Преговорите за тој проблем се одвиваат тешко. Би сакале кипарската турска страна исто така да заземе позиција насочена кон решавање на проблемот. За нас тоа е приоритет од 1974 година, додаде тој.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
