Лавров: Русија е подготвена да го изоди својот дел од патот за обновување на односите со САД
Русија е подготвена да го изоди својот дел од патот за обновување на односите со САД, на кои им беа нанесени сериозни штети од претходниот американски претседател Барак Обама, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за австриското списание „Профил“, пренесе ТАСС.
Според Лавров, во Москва внимателно се следат изјавите на претседателот Доналд Трамп за Русија.
-Неговата искажана позиција за неопходноста од воспоставување нормален дијалог меѓу нашите земји внесува определена надеж за позитивен развој на билатералните односи, забележа Лавров.
„Ние сме подготвени да го изодите својот дел од патот за заздравување на врските со САД, подвлече рускиот шеф на дипломатијата, според кого нивното влошување во текот на последните години не се случило заради вина на Москва, туку како резултат на „намерните активности на претходната администрација во Вашингтон“.
Русија „секогаш била отворена за тоа да се развива соработката врз основа на принципите на еднаквост, взаемно почитување и почитување на интересите едни со други“, додаде Лавров.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место