Лавров: Ниту една војска не може да изврши операција во Сирија се додека таму се руските авиони
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема веројатност оти која било странска војска ќе може да спроведе копнена операција во Сирија се додека таму има руски воени авиони.
Лавров ова го изјави коментирајќи ги тврдењата на турските власти дека се подотвени да испратат војска во Сирија, доколку има потреба за тоа.
- Сметам дека никој не би донел одлука да игра опасни игри и да дојде во ситуација да извршува провокаци. Неопходно е да се едуцираат оние кои се залагаат за воена интервенција, тоа би претставувало директна агресија, наведе Лавров.
Рускиот министер со тоа ги предупреди Турциа и Саудиска Арабија да ја отфрлат идејата за ангажирање копнени сили во Сирија.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во средата изјави дека Анкара е подготвена да испрати војска во Сирија, доколку тоа биде потребно.
Лавров истакна дека во текот на преговорите за воспоставување примирје во Сирија е извршен голем притисок врз САД, чии претставници сакале да нацртаат граница на својата зона на мир, вклучувајќи ги и позициите, кои ги окупирал Фронтот Ал Нусра.
- Некој сака да ја искористи Америка и нејзиното влијание, не верувам дека целта е Вашингтон да ја штити организацијата Фронтот Ал Нусра, додаде тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови