Лавров: Блинкен побегна, а јас сум тука, тие се кукавици, се плашат од разговори
Руската делегација остана во Скопје, а Блинкен и Борел избегаа, тие се едноставно кукавици – вака рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им одговори на новинарите откако беше праан дали се чувствува изолиран со ставовите во ОБСЕ. Како и во говорот на министерскиот состанок, Лавров го впери прстот во САД како единствени виновници за тоа што се случува во ОБСЕ. Русија имала цврсти доакази дека запдните претставници ги користат структурите на организацијата во нивна корист. Не постојат шанси за опстанок на ОБСЕ, порача Лавров.
-Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров...Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија, тие се едноставно кукавици, дека се плашат од каков било искрен разговор со фактите во рака, изјави Лавров.
Откако шефот на руската дипломатија го обвини Западот за лицемерие и главна причина за проблеми во ОБСЕ, Американскиот амбасадор на САД во организацијата му врати на Лавров - кажува лаги и невистини. Карпентер е дециден дека Русија е изолирана во ставовите, а пораките на останатите земји членки се победа на ОБСЕ.
-Со сета должна почит кон него, господинот Лавров уште еднаш фрли вина на другите, ја има усовршено таа уметност. Би било соодветно да направи поголема интроспекција на руското малигно влијание врз повеќето демократски држави, вклучително и на Западен Балкан, каде што е тоа нагласено. никој не сака да седи на маса со Лавров и да слуша лаги и дезинформации и пропаганда“.
Прашан за блокадата на Бугарија врз Македонија Лавров рече дека Македонија го има целосното право, но коренот на проблемот лежи во политиките на западните земји.
Иако во Скопје пристигнаа речиси сите членки на ОБСЕ и партнери на организацијата, целото внимание го украде шефот на руската дипломатија Лавров. Обезбедувањето беше на највисоко ниво, а по неговиот говор дел од делегациите и ја на напуштија пленарната сала. Повеќе од 100 новинарски екипи беа присутни и на прес конференцијата, но кој ќе постави прашање на Лавров одлучуваше единствено портпаролката на руското МНР Марија Захарова.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар