Loading Video...
Спорт плус
15. January 2022 - 13:32

Лара Гут-Бехрами најбрза на ќенскиот спуст во Заухензе

Лара Гут-Бехрами е победничка на женскиот спуст од Светскиот куп во алпско скијање што денеска се одржа во австрискиот ски-центар ЗАУХЕНЗЕ, 
 
До својата само втора пореда сезонава, прва во спуст, Швајцарката стигна во време од 1:45.78, што беше за само 10 стотинки побрзо од Германката, Кира Вејдл Германија, додека трето пласираната Рамона Зибенхофер од Австрија заостана 44.стотинки зад победничката. 
 
Во Генерален плсаман спуст и натаму водечка е италијанката Софија Гоџа која денеска остана бе пласман. 
 
Во севкупниот генерален поредок во Светскиот куп, прво рангирана останува Американката, Михаела Шифрин со 966 бодови или 50 повеќе од Петра Влахова од Словачка која сезонава доминира во слалом, а Италијанката, Гоџа е трета со 309 бодови помалку од Американката. 
 
Дамите утре на исто место ќе се натпреваруваат во Супер Џи.