Лапорта не се откажува од Супер лигата: Проектот сè уште постои
Проектот за европска фудбалска Супер лига, зад кој по повлекувањето на девет екипи останаа уште само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, сè уште е жив, тврди претседателот на каталонскиот клуб Жoан Лапорта.
Челникот на Барселона денеска за прв пат се обрати во jавноста во врска со новото натпреварување порачувајќи оти е „апсолутно неопходно големите клубови да го изнесат своето мислење поврзано со распределба на парите“.
Каталонскиот фудбалски гигант моментно се наоѓа во лоша финансиска состојба, а во своите редови ги има Лионел Меси и Антони Гризман, двајца од петте најплатени фудбалери во светот. Лапорта, кој минатиот месец беше избран за претседател на Барселона, порача дека не се откажува од Супер лигата.
-Имаше притисоци врз некои клубови, но нашиот предлог и натаму постои. Инвестициите се многу важни, платите се исклучително високи и затоа е неопходно сето тоа да се земе предвид на ист начин како и спортските заслуги, рече Лапорта во интервју за каталонската телевизија „ТВЕ3“.
Паралелно со ова, раководството на шпанската Ла Лига попладнево одржа состанок посветен на прашањето за Супер лигата, на кој присуствуваа 17. од вкупно 20. прволигашки екипи. На состанокот не беа поканети Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона, трите шпански екипи кои беа меѓу основачите на Супер лигата.
Ла Лига по состанокот издаде соопштение во кое нагласи дека проектот за формирање т.н Супер лига е штетен и станува збор за натпреварување од затворен тип во кое малите клубови не би имале пристап.
-Клубовите на состанокот едногласно и енергично ги отфрлија плановите за тоа натпреварување. Сите клубови цврсто веруваат во спортските заслуги како единствен критериум за влез во меѓународните клупски натпреварувања преку националните лиги … Таа европска традиција не смее да биде загрозена, ниту модификувана, се наведува во заедничкото соопштение по средбата на која учествуваа и сите 22. шпански второлигашки екипи.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
