Лани регистрирани 955 дивоградби

Во текот на минатата година во земјава се регистрирани 955 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел се во приватна сопственост, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување или 26,1 отсто, 133 доградби, надградби и адаптации или 13,9 отсто, 113 деловни објекти или 11,9 отсто, 78 гаражи или 8,2 отсто, 134 огради или 14 отсто, 6 скалила или 0,6 отсто, 15 тераси или 1,6 отсто, 28 летни тераси или 2,9 отсто, 95 настрешници 9,9 отсто, 13 времени објекти или 1,4 отсто и 91 помошен објект или 9,5 отсто.
Најголем број бесправно изградени објекти, односно 98,1 отсто се во приватна сопственост.
Најмногу или 226 се изградени во Скопје, а од скопските општини најмногу дивогради 71 се регистрирани во Центар. Во Куманово се регистрирани 78, Штип 70, Липково 68, Струмица 56, Охрид 50.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
