Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
Царините што Доналд Трамп ќе ги воведе ќе имаат негативни последици ширум светот, предупреди претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.
Лагард рече дека обемот на штетата ќе зависи од тоа колку ќе бидат обемни царините, колку долго ќе траат и дали ќе доведат до успешни преговори.
– Да не заборавиме дека ескалацијата на царините, бидејќи тие често се штетни дури и за оние кои ги воведуваат, честопати доведува до преговарачки маси каде што луѓето всушност седнуваат, разговараат и на крајот отстрануваат некои од тие бариери, изјави Лагард за ирската радио станица Њузток (Newstalk).
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social претходно напиша „Денеска е ден на ослободувањето во Америка!“
Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април како „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека најавата за царини ќе ги ослободи САД од зависноста од странска стока.
Сè уште не се познати сите детали од неговата објава, која треба да биде објавена во Белата куќа во 16 часот по локално време (22 часот по македонско време), но се очекува тоа да има глобални последици.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани