Квалитетни и стандардизирани производи услов за соработка со странските инвеститори
Македонските компании да понудат квалитетни и стандардизирани производи, да се намали административниот товар и да продолжат реформите во образованието во насока на продуцирање кадри потребни за стопанството. Ова се само некои од условите за интензивирање на врските меѓу домашните фирми и странските инвеститори во земјава.
Странските инвеститори сакаат да ги вклучат македонските компании во својот бизнис, но од нив очекуваат сами да дојдат и да им тропнат на врата.
-Потенцијалот на македонските компании не е доволно искористен и тоа е клучниот предизвик на македонската економија. Соработката со странски и со фирми од земјите – членки на ЕУ може да им ја подобри конкурентноста на македонските компании. Согласно последниот извшетај на Европската комисија за Северна Македонија, едвај да има воспоставено некакви врски меѓу домашните компании и инвеститорите во зоните. За јакнење на ваквите врски, многу работи зависат од деловната средина. Всушност, треба да бидат исполнети некои општи и специфични услови за функционирање на компаниите, изјави раководителот на економскиот оддел во Канцеларијата на Европската комисија во Скопје Фрег Јанмаат пред почетокот на конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори.
Според Јанмаат, некои од општите услови се владеење на правото, поефикасна јавна администрација и борбата против корупцијата, сфери во кои владините политики треба да продолжат. Специфичните услови, пак, се однесуваат на потребата од квалитетен производ според европските и меѓународните стандарди кој ќе може да биде вклучен во производството на странските компании, реформа во образованието и намалување на административниот товар што паѓа врз компаниите.
Како позитивен пример тој ја посочи ЕВН која, истакна, последниве неколку години работела со повеќе од 5.000 македонски компании. ЕВН веќе има интезинва соработка и со компании кои нудат услуги и со компании кои нудат материјали.
-Никој не може да одрече дека малите и средните претпријатија се рбетот на една економија. Тоа важи за Германија, за Австрија од каде што доаѓам и за Северна Македонија. Исто така, никој не може да негира дека странските директни инвестиции во една земја се повеќе од само шлаг на тортата. Тие се многу важен фактор за македонското стопанство, не само од финансиски аспект, туку и за пренос на знаење. Затоа, логично е дека треба да се воспостави ваква врска меѓу домашните мали средни претпријатија и странските директни инвестици.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот