Loading Video...
Кошарка
31. August 2021 - 19:54

Квалификации за СП: Стартуваме против Шпанија во ноември

Најдобрите македонски кошаркари по успехот во претквалификациите продолжуваат во квалификациите за следниот мундијал. 

Денеска беше извлечена и групата а Македонија е во група  со Шпанија, Грузија и Украина. 

Интересна група има македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за следното СП.  Главен фаворит секако е актуелниот светски шампион Шпанија со кого и ги отвораме натпреварите и тоа на 26-ти ноември. Потоа следуваат дуелите со Украина и Грузија како гости. 

Сем дуелите со Шпанија и Украина сите други се на програмата следната година. 

Според пропозиите три од четирите селекции ќе се пласираат во главната квалификациска фаза за кошаркарскиот Мундијал. 

Според селекторот Бајиќ  – Групата  не изгледа атрактивно, но не е ниту лесна. Но, мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив.

– Јасна е визијата, сакаме низ овие натпревари да им дадеме уште поголема шанса на помладите. Искрено се надевам дека во наредниот циклус ќе ги имаме на располагање и играчите кои не беа во можност да бидат дел од селекцијата.  Се надевам дека зад нас ќе останат проблемите со короната, дека ќе се врати оној стар систем на натпреварување, – вели селекторот Бајиќ.