-->
-->
Квалификации за ЕУРО 2016: Словачка и Русија меѓу пласираните
-->
Репрезентациите на Русија и на Словачка се пласираа на ЕУРО 2016 по одиграните натпревари од 10.коло во своите групи. Претходно од трите групи кои се играа синоќа тоа го направија: Шпанија, Англија, Швајцарија и Австрија.
Македонската репрезентација конечно ја прекина серијата без пораз и на гостувањето во Борисов одигра 0:0 со Белорусија и со тоа остана на последното место на табелата.
Со победата над Литванија на гости, репрезентацијата на Англија единствена со максимални 10 победи ги заврши квалификациите. По одигрувањето на денешните натпревари ќе бидат познати сите репрезентации кои директно ќе се пласираат на ЕУРО 2016 во Франција, како и 8-те селекции кои ќе играат во баражот.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Ц група: Белорусија – Македонија 0:0, Украина – Шпанија 0:1, Луксембург – Словачка 2:4.
Табела: Шпанија 27 бодови, Словачка 22, Украина 19, Белорусија 11, Луксембург 4, Македонија 4.
Е група: Естонија – Швајцарија 0:1, Литванија – Англија 0:3, Сан Марино – Словенија 0:2.
Табела: Англија 30, Швајцарија 21, Словенија 16, Естонија 10, Литванија 10, Сан Марино 1.
Г група: Австрија 28, Русија 20, Шведска 18, Црна Гора 11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера
-
Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина