За три дена продадени сите карти за Македонија - Косово
За три дена се продадени сите карти за натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналето во Лигата на нациите.
Фудбалската Федерација на Македонијана на својата официјална фејсбук фан страна потврди дека билети веќе нема.
„Македонската репрезентација на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плеј-оф дуелот за пласман на Европското првенство 2020. Влезниците за натпреварот веќе се распродадени.
Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради коронавирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово.
Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје", стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија