-->
-->
Кузнецова дел од ЖРК Вардар во новата сезона
-->

Репрезентативката на Русија Полина Кузнецова (30 години) ќе биде нова ракометарка на ЖРК Вардар во следните две сезони. Таа игра на позиција лево крило и во Вардар доаѓа како слободен играч откако и заврши договорот со руската екипа Краснодар. На оваа позиција Вардар во новата сезона ќе ја има и македонската репрезентативка Јована Саздовска.
ЖРК Вардар има комплетно нови ракометарки на лево крило откако Камила Херем и Тамара Мавсар си заминаа.
Кузнецова има играно за руските екипи Волгоград, Лада, Звезда Звенингород, Астраханочка и Краснодар. Таа на ЛОИ во Рио беше прогласена за најдобро лево крило на турнирот, а била најдобра на својата позиција и на СП 2007 и ЕП 2012. Има златен олимписки медал од Рио 2016 и сребро од ЕП 2006 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
