Ракомет
10. April 2016 - 9:13

Кузмановски игра, Талески го нема во составот во Шафхаузен

Јуниорската репрезентација на Македонија претпладнево во 10:30 часот го игра клучниот натпревар во групата во Шафхаузен за пласман на Европското првенство во Данска. На долг пат од Гдањск до Шафхаузен во Швајцарија тргнаа играчите Филип Кузмановски и Филип Талески.

Според официјалниот записник на ЕХФ сајтот селекторот Александар Јовиќ во составот го има само Филип Кузмановски.
Сега се поставува прашањето дали беше потребно патување на двајцата или пак еден еветуален договор претходно околу нивниот настап и присуство во Гдањск. Во ситуација каде дуелот денеска со Чиле на Олимписките квалификации ништо не одлучува секако дека било кој од играчите кои заминаа во Швајцарија ќе беше добредојден за нив.