-->
-->
Кутињо останува во „црвениот дрес“
-->
Бразилецот Фелипе Кутињо го потпиша нов договор со својот клуб Ливерпул. Ова денеска го објави клубот што претставува одлична вест за сите навивачи на „црвените“. Кутињо последните две сезони важи за најдобар играч на Ливерпул, особено се наметна како лидер на тимот со доаѓањето на Јирген Клоп за менаџер.
Со новиот договор тој се обврза дресот на Ливерпул да го носи до 2022 година, а неговата неделна плата ќе изнесува 150.000 фунти. Во овој договор нема откупна клаузула што е лоша вест за сите клубови што сакаа да го купат Кутињо. Тука пред се се мисли на Барселона.
Бразилецот во Ливерпул дојде пред четири години од Интер, а оваа сезона одигра само 15 натпревара и има постигнато 6 голови и има 6 асистенции. Поради повреда околу два месеца беше надвор од теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка