Курти го оцени како успешен пописот на населението во Косово
Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со вршителот на должноста директор на Агенцијата за статистики на Косово (АКС), Авни Кастрати, го оцени како успешен годинешниот попис на населението, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на владината служба за информирање, на средбата, на која присуствувале и шефот на кабинетот, Љуан Далипи и советникот на Курти, Љулезон Јагџиу, премиерот изразил благодарност до Кастрати и неговиот тим за успешниот процес на „Пописот на населението, домаќинствата и становите 2024“.
– Тој истакна дека посветеноста и професионалната работа на АКС биле суштински во соочувањето со предизвиците и реализацијата на овој проект од национално значење. Премиерот особено се заблагодари за одличната соработка, континуираната и отворена комуникација, како и за ефективната координација што ја водеа оваа иницијатива кон нејзината реализација, се наведува во соопштението.
Пописот на населението траеше повеќе од еден месец, во април и мај годинава. Според прелиминарните податоци, Косово има 1.586.659 резидентни жители.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер