Курти го оцени како успешен пописот на населението во Косово
Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со вршителот на должноста директор на Агенцијата за статистики на Косово (АКС), Авни Кастрати, го оцени како успешен годинешниот попис на населението, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на владината служба за информирање, на средбата, на која присуствувале и шефот на кабинетот, Љуан Далипи и советникот на Курти, Љулезон Јагџиу, премиерот изразил благодарност до Кастрати и неговиот тим за успешниот процес на „Пописот на населението, домаќинствата и становите 2024“.
– Тој истакна дека посветеноста и професионалната работа на АКС биле суштински во соочувањето со предизвиците и реализацијата на овој проект од национално значење. Премиерот особено се заблагодари за одличната соработка, континуираната и отворена комуникација, како и за ефективната координација што ја водеа оваа иницијатива кон нејзината реализација, се наведува во соопштението.
Пописот на населението траеше повеќе од еден месец, во април и мај годинава. Според прелиминарните податоци, Косово има 1.586.659 резидентни жители.
Ново на Сител
-
НОБ пред софиската публика
-
Следната недела ќе се знае дали ќе има замрзнување на цените или намалување на маржата на производите
-
Позитивни очекувања по средбата Сиљановска-Радев во Софија
-
Двајца пилоти загинаа при пад на авион за време на вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Прва средба Сиљановска – Радев во Софија, ќе успее ли културната дипломатија
-
Приведени 4 лица меѓу кои и познат струмички бизнисмен осомничени за милионски криминал
-
Потенцијалниот судир на двата авиони над македонското небо е сериозен инцидент