-->
-->
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ одбележува 70 години од своето постоење
-->
Со свечена седница и фото приказ на историскиот развој, денеска кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ одбележа 70 години од своето постоење.
- Библиотеката започнува со работа во 1945 година со скромен фонд од само 1.300 книги достапни за читателите.Низ годините постојано се развива и денеска прераснува во библиотека која има фонд од околу 200.000 книги, обработени според меѓународните стандарди, достапни за нашите читатели. Продолжуваме и понатаму да се развиваме, изјави директорката на библиотеката,Нада Ивановска.
Установата располага со над 100.000 книги во одделот за возрасни, над 77.000 во одделот за деца, над 1.800 публицирани материјали. Годишно, читателите зајмуваат над 50.000 книги, а надворешни корисници пребаруваат по фондот на кумановската библиотека и по 10.000 електронски пребарувања.
Градоначалникот Зоран Дамјановски потенцира дека библиотеката постојано се развива и нуди одлични услови за читателите со два одвоени простори и читални во делот за возрасни и за деца. Нагласи дека библиотеката е неисклучен дел од културниот и едукативниот сегмент од живеењето на градот.
Во рамки на одбележувањето на 70 годишнината од своето постоење, организирани се промоции на наградувани книги и дела, како и книжевни работилници намененти за најмладата читаталска публика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно