Кошарка
3. May 2016 - 20:53

Куманово се избори за 1/2 финале

 
 
Куманово е последниот тим кој обезбеди пласман во 1/2 финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија. 
 
Куманово со 3-1 во победи ја доби четвтрфиналната пресметка против Работнички откако вечерва пред својата публика славеше победа со 100:94 
 
Сите „стартери“ кај домаќниот имаа двоцифрен број поени, а најмногу имаше Бојан Трајковски 27 (и 10 скокови). Александар Костовски и Ненадо Мисановиќ постигнаа по 19 поени, а првиот имаше и 8 асистенции додека Србинот придодаде и 9 скокови. 
 
На Работнички не му помогна ниту фантастичниот Ѓорѓи Чековски кој за малку не оствари „трипл-дабил’’, па натпреварот го заврши со  29 поени, 10 скокови и 9 асистенции.
 
Куманово во полуфиналето ќе игра против Карпош Соколи, додека во дугото полуфинале ќе играат МЗТ Скопје и Фени Индустри. 
 
Полуфиналната рунда ќе стартува во Скопје, веќе во петок.