Кумановец осомничен за обид за убиство, предложени мерки на претпазливост
Основното јавно обвинителство Куманово денеска донесе мерки за претпазливост и наредба за спроведување на истражна постапка против 32-годишниот менаџер на казино, кој вчера се обидел да лиши од живот друго лице.
На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице. Осомничениот, менаџер во казино, пред да му заврши смената му дал на оштетениот на негово барање тикет во вредност од 6.000 денари како заем за да игра на покер апаратите. Кога се вратил дома, добил повик од вработена дека истото лице бара уште еден тикет, но тој не дозволил да му биде издаден. На тоа оштетениот започнал да му пишува заканувачки пораки на Вибер, инсистирајќи тикетот да му биде издаден.
Откако осомничениот не му го одобрил, оштетениот дошол во неговата куќа и влегол во дворот каде што седеле осомничениот и неговата девојка и започнал да вика и да се расправа, па тргнал накај него и физички да го нападне.
Во тој момент осомничениот зел кујнски нож од масата и му нанел убодна рана во предел на абдоменот, по што оштетениот му го одзел ножот, избегал на улицата и со возило на лица кои ги сретнал на улицата веднаш бил пренесен во болница.
- Бидејќи од описот на начинот на кој било извршено делото, наведен во кривичната пријава, произлегува можност во конкретниот случај да има елементи и на убиство на миг, нужна одбрана, пречекорување на нужната одбрана и слично, што ќе се утврдува по прибавување на сите неопходни докази, јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово не достави предлог за определување мерка притвор туку мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, повремено јавување кај службено лице во Судот, како и забрана за воспоставување и одржување контакт со оштетениот и со девојката која била сведок на настанот додека таа не даде исказ, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно