Бизнис
15. January 2018 - 10:32

Култната европска модна куќа оди во рацете на Кинезите

Сопствениците на европскиот моден синџир „Си&Ej“ (C&A) ја разгледуваат можноста за продажба на компанијата на кинески инвеститор, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Неделникот повикувајќи се на неименувани извори тврди дека набрзо ќе биде потпишан купопродажниот договор.

„Си&Ej“ има продавници ширум Европа, Јужна Америка и Азија. Компанијата е основана во Холандија во 1841 година од браќата Клеменс и Аугуст Бренинкмејер.

Семејството Бренинкмејер и понатаму е сопственик на компанијата „Си&Ej“ преку холдинг компанијата со седиште во Швајцарија „Кофра холдинг“ (Cofra Holding), која не ги коментираше наводите на „Шпигел“.