Кубанскиот лек против рак на бели дробови првпат применет во Србија
Кубанскиот препарат за лекување на аденокарцином на бели дробови „Cimavax EGF“ денеска првпат е применет во една здравствена установа во Србија.
Две пациентки кои ги исполниле критериумите и доброволно се согласиле за примена на терапијата, ги добиле првите дози од лекот во Клиничко-болничкиот центар „Бежаниска коса“, а биле посетени од министерот за здравство Златибор Лончар и докторот Педро Камило Родригес, имунолог од Куба и шеф на тимот кој го патентирал лекот.
Пациентките пред три дена примиле индукциска терапија, еден вид подготовка на организамот за вбризгување на кубанскиот лек, кој според планот следува по 72 часа.
Лекот се користи повеќе пати, на 28 дена. Првата доза се дава за да се активира имунолошкиот систем, а секоја следна се користи за да се зајакне нејзиното дејство.
Србија засега набавила 1.680 единици од лекот за 30 пациенти, кои ќе го примаат во следната една година.
Ново на Сител
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот