Железничката несреќа кај Темпи и понатаму главна тема во Грција
По масовните протест во петокот на над 380 локации во земјата и странство, железничката несреќа кај Темпи и понатаму е главна тема во Грција, особено што во текот на оваа седмица вниманието ќе биде насочено во Парламентот каде што ќе се расправа за формирање предистражна комисија за актуелен министер, а в среда ПАСОК ќе достави барање за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во петокот се одбележа двегодишнината од несреќата во која загинаа 57 лица, а протестот во Атина беше еден од најмасовните во земјата во изминатите години, додека пак ден претходно Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот го објави експертскиот извештај, по што лидерот на ПАСОК Никос Андруалкис најави дека в среда ќе достави предлог за гласање недоверба на Владата и ги повика „сите демократски опозициски партии да ја поддржат иницијативата“.
Предлогот ќе биде доставен в среда, со оглед на тоа што за вторник во Парламентот е закажана расправа за формирање предистражната комисија за евентуална кривична одговорност на актуелниот заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени на Грција Христос Триандопулос, кој во периодот кога се случи железничката несреќа беше министер брз ресор.
Судејќи според изјавите на членови на Владата од изминатиот период, ќе биде поддржан предлогот за конкретната комисија и се очекува и да биде изгласан, додека пак самиот Триандопулос минатиот месец најави дека ќе си поднесе оставка кога ќе биде формирана парламентарната комисија.
Од друга страна, на расправата за гласање недоверба на Владата не се очекува да биде изгласан предлогот на опозицијата, бидејќи потребен е минимум 151 глас од вкупно 300 пратеници, а пратеничката група на владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 места.
За доставување предлог за гласање недоверба на Владата потребни се потписи од една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно најмалку 50 потписи, а ПАСОК има 32 пратеници, што значи дека ќе треба да добие поддршка од опозициските партии.
Од СИРИЗА, која има 26 пратенички места веќе подолг период го повторуваат ставот дека е неопходно доставување предлог за недоверба на актуелната грчка Влада.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалниот седмичен преглед што секоја недела го објавува на Фејсбук, се осврна на железничката несреќа и за масовните протести во петокот коментираше дека „демократија ја покажа својата сила“.
Уште еднаш упати апел сите да имаат доверба во судството, а за железничкиот сообраќај посочи дека „линијата Атина-Солун до 2027 година ќе биде целосна и безбедна линија“.
Ново на Сител
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО
-
Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино