Кржаловски: Ако Сашо Мијалков не се вратеше ќе имавме предвремени избори
Во денешната Тема на денот во Дневникот на Сител, Александар Кржаловски рече дека доколку Сашо Мијалков не се вратеше, тогаш ќе беше сигурно оти коалициски партнери ќе излезеа од Владата и со тоа ќе бевме принудени да одиме на нови предвремени избори.
Во однос на стабилноста на владејачкото мнозинство во Собранието, рече дека СДСМ добила жолт картон од ЛДП.
-Очигледно не е. Со овие сите најави за независно дејствување се дава некаков жолт картон на владејачката партија, во случајов СДСМ и за премиерот да биде во постојан штрек кој еден двајца, први ќе избегаат од коалицијата, иако сите изјавија дека остануваат да ја поддржуваат владата, но прашање е кога ќе биде пресвртниот момент. Со само 62 пратеника во секој момент може да не се издејствува. И така е блокиран генерално парламентот, и во ваква ситуација, а камо ли со овие најави дека некој од тие пратеници кои го формираат мнозинството можат за еден или за друг Закон да гласаат против, рече Кржаловски.
Рече дека нивото на довербата во Собранието е ниска бидејќи таму веќе три недели не се одржани пленарни седници.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски