-->
-->
Крвава тепачка во Велес - две лица итно пренесени во болница
-->
Две лица биле повредени со убодни рани во тепачка со нож што се случила синоќа во велешко Горно Оризари. На повредените им е укажана медицинска помош во Општата болница Велес по што се пуштени на домашно лекување, а лицето кое употребило нож е приведено.
Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 21:30 часот во село Горно Оризари, по претходна расправија настанала тепачка помеѓу А.К.(36), Х.К.(19) и С.К.(43) од село Горно Оризари, при што во еден момент А.К.извадил и нож. Во Општа болница Велес кај Х.К. и С.К. биле констатирани повреди, а А.К. бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот