Балкан
5. January 2020 - 12:19

Круемади: 2020, година на отпор против криминалната Влада

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, од партиската Конвенција за Тирана, порача дека 2020 година ќе биде година на отпор против   Владата на премиерот Еди Рама.

Според неа, земјата е во длабока економска и политичка криза.

-Ние денес сме мала нација, на една мала земја,на една сиромашна земја, во моментов под власт на антиалбанска криминална група, но ние сме голема нација на богата земја која секогаш наоѓала сили да се крене против диктатурата,рече Круемади.

Таа се задржа и на последиците од катасрофалнот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември и обвини дека „владината корупција ги оставила граѓаните без домови“.

-Виртуелната и лажна реалност што Рама смета дека Албанците ја консумираат секој ден не може да функционира,порача таа и ги повика младите да се приклучат кон ЛСИ „политичка сила која се бори за европска Албанија“.

Круемади, која е сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Рама го обвини и за,како што рече, неговото „видливо анти – албанско однесување кон Косово“.

– Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед, не може да се нарече на друг начин промовирањето на размената на териториите помеѓу Косово и Србија, кое што го поделува не само Косово, туку го запалува и целиот регион или неговиот демагошки огномет за Голема Албанија, кога Косово е на врвот од обидите за членство во регионалните и меѓународните организации како и обидите за нови признавања, обвини Круемади во обраќањетона партиската Конвенција за Тирана.

Додаде дека не може да се наречат на друг начин овие однесувања освен анти-албански, како што е „таканаречениот мал Шенген, каде осуствува Косово, или јавните навредувања кон косовските политичари“.