Круемади: 2020, година на отпор против криминалната Влада

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, од партиската Конвенција за Тирана, порача дека 2020 година ќе биде година на отпор против Владата на премиерот Еди Рама.
Според неа, земјата е во длабока економска и политичка криза.
-Ние денес сме мала нација, на една мала земја,на една сиромашна земја, во моментов под власт на антиалбанска криминална група, но ние сме голема нација на богата земја која секогаш наоѓала сили да се крене против диктатурата,рече Круемади.
Таа се задржа и на последиците од катасрофалнот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември и обвини дека „владината корупција ги оставила граѓаните без домови“.
-Виртуелната и лажна реалност што Рама смета дека Албанците ја консумираат секој ден не може да функционира,порача таа и ги повика младите да се приклучат кон ЛСИ „политичка сила која се бори за европска Албанија“.
– Не може да се нарече на друг начин една патерналистичка политика кон Косово, кога оваа нова држава се обидува да го зацврсти својот меѓународен углед, не може да се нарече на друг начин промовирањето на размената на териториите помеѓу Косово и Србија, кое што го поделува не само Косово, туку го запалува и целиот регион или неговиот демагошки огномет за Голема Албанија, кога Косово е на врвот од обидите за членство во регионалните и меѓународните организации како и обидите за нови признавања, обвини Круемади во обраќањетона партиската Конвенција за Тирана.
Додаде дека не може да се наречат на друг начин овие однесувања освен анти-албански, како што е „таканаречениот мал Шенген, каде осуствува Косово, или јавните навредувања кон косовските политичари“.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
