Фудбал
29. December 2017 - 15:17

Крстајиќ ќе ја води Србија на СП во Русија

Србија го реши проблемо со селектор откако денеска Стручниот совет во федерацијата го назначи Младен Крстајиќ за но селектор и тој ќе го предводи националниот тим на СП во Русија.
Крстајиќ доаѓа на местото на Славољуб Муслин и беше дел од неговиот стручен штаб.
Како в.д селектор ја предводеше српската селекција на турнејата во Азија каде славеа со 2-0 против Кина и одиграа 1-1 против Ј.Кореја.