Кривични за тројца вработени на ДУТ, го оштетиле буџетот на Универзитетот за пет милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ф., раководител на Центарот за информатички технологии при Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), М.В., советник за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ и Ѓ.А., соработник за за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според Финансиската полиција, Р. Ф., М. В. и Ѓ.А. несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности со што го оштетлите Буџетот на ДУТ за пет милиони денари.
-М.В. и Ѓ.А. на 22 декември 2016 година, по добиена наредба од Р.Ф., потпишале и потврдиле прием, имплемантација и овозможиле плаќање на Интегриран информациски систем кој потоа воопшто не бил ставен во функција. Со тоа предизвикале штета врз Буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари, информира Финансиската полиција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
