Кривични против цариник и радовишанец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.T.(31) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и против Б.К.(44) од Скопје, вработен во Царинска управа на РСМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР.
- На 21.03.2024 М.Т. влегол во државата на Граничниот премин Табановце со патничко возило „мерцедес спринтер“ во кое превезувал разни предмети во вкупна вредност од 338.494 денари, а кои не ги пријавил за царинска контрола со што избегнал да плати вкупно 87.227 денари. Истиот ден Б.К. извршил царински надзор и контрола при премин на М.Т. и патничкото возило, а притоа пресметал и платил износ од 4.641 денари, која ја заверил со свој печат и потпис. Исто така, му овозможил на првопријавениот да внесе две ќеси со семенски материјал, за чиј увоз не поседувал посебна дозвола, појаснуваат од полицијата.
Ново на Сител
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции