Кривични пријави за двајца крадци од Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46) и Х.А.(46) поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела, „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 251 од Кривичниот законик на РМ, со што пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 48.800 денари.
Првото кривично дело „тешка кражба“ сторителите го извршиле на 12 ноември минатата година на улица „Бледски Договор“ кога од патничко моторно возило одзеле паричник во кој имало лични документи и банкарски картици.
Потоа го извршиле и второто дело, од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари од една од картичките кои ги нашле во паричникот и на која имало запишан пин.
По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода.
Ново на Сител
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот