Кривични пријави за двајца албански државјани за кражби во Струга
Албанските државјани К.К. (23) и Н.С. (19) од Либражд добија кривични пријави од Полициската станица во Струга поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“.
СВР Охрид соопшти дека пријавените кражбите ги направиле на 20. и 22. овој месец во „Нетто“ маркетите во Струга.
- Првата тешка кражба ја извршиле во маркетот лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ околу 3 часот и 30 минути. Со камен К.К. го скршил стаклото од излогот, направил отвор, по што Н.С. влегол во внатрешноста и од двете каси против-правно одзел 20.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 22. декември, додаде тој, околу 3 часот, пријавените со камен го скршиле стаклото во продавницата „Нетто Маркет“ лоцирана на улица „Маршал Тито“.
- Веднаш почнале со пребарување меѓу рафтовите одземајќи десет кутии цигари „Марлборо“, а потоа противправно од двете метални каси одзеле околу 4.000 денари во разни апоени. Пооваа кражба К.К. и Н.С. се упатиле кон улицата „Партизанска“ каде на истиот начин-со кршење на излогот со бекатон плочка се обиделе да влезат во продавницата „Седеф“, изјави Димоски.
Според него, тука не успеале во намерата да влезат, бидејќи биле забележани од сопствениците по што веднаш избегале.
Ново на Сител
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината