-->
-->
Кривични пријави против две лица за „напад врз службено лице"
-->

Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера поднеле кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ член 383 од Кривичниот законик.
Како што денеска информираа од МВР, лицата се изведени пред судија на претходна постапка.
- Имено, на 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир, Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства. По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, појаснуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
