Кривична за вевчанец, градел куќа на јавен пат

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.П.(57) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
СВР Охрид соопшти дека пријавениот почнал да гради куќа во Вевчани, што според увидот од градежен инспектор, покрај на приватно земјиште, се изведувала и на јавен пат, односно државно земјиште.
- Овластениот градежен инспектор при општина Вевчани во мај годинава, затекнал објект во фаза на изведени ископани темели, армирани и бетонирани по што било изготвено решение за прекин на градбата. Во текот на јуни, градежната инспекција повторно извршила увид и констатирала изградена бетонска армирана плоча, арматурно бетонски столбови и греди и ѕидови од керамички блокови изградени на приземје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
За извршениот увид и констатираните состојби, според него, градежниот инспектор оформил решение за остранување на градбата и дополнително издал заклучок со кој од инвеститорот бара градбата да ја острани и да ја доведе во првобитната состојба. Истиот ден, појасни Димоски, во врска со констатацијата дека дел од објектот се гради и врз јавен пат земјиште сопственост на Република Македонија, инспекторот издал решение со кое се задолжува инвеститотор да го стави во првобитна состојба јавниот пат кој е узурпиран со градбата.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
