Кривична за примање поткуп против надзорник во штипскиот затвор
Кривична пријава против надзорник во Казнено поправен дом во Штип за „примање поткуп“ поднесе Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот Б.Б. (30) од Штип вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на месец септември годинава од осудено лице побарал парични средства во износ од 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.
Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. Вчера пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода.
Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело "Примање поткуп" казниво по член 357 став 1 од КЗ на РМ.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025