Македонија
19. August 2020 - 16:38

Кривична за Нефи Усеини за насилство и недозволено поседување оружје

Кривична пријава за советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат во врска со вчерашниот инцидент кој се случил пред хотел во Охрид.

Охридската полиција  до Јавното обвиниетелство поднесе кривична поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.Снимките од видео надзорот кои се одземени од хотелот каде се случи инцидентот и разговори со очевидци покажуваат дека Топалоски бил тепан со пиштол .

(По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот) стои во соопштението на СВР Охрид.

Oхриѓанецот Спиро Топаловски тврди дека Усеини заедно со уште неколку лица го нападнале а меѓудругото замавнувал со пиштолот и пред неговото 14 годишно дете кое било сведок на инцидентот и обвинува дека станува збор за манипулација од страна на Зоре Темелковски.

Бизнисменот Зоре Темелкоски се оградува и тврди дека тој не е причината за инцидентот меѓу Топалоски и Усеини. Усеини пак во телефонски разговор негира дека употребил пиштол вели дека имало само вербална рсправија на која паднале две три шлаканици.

Инаку, ова не е прв случај советникот Нефи Усеини да учествува во инциденти. Во април минатата година спречи со закани инспектор да изврши увид на дивоизградена тераса кај чинарот. Два месеци потоа Јавното обвинителство отвори предмет за напад над советникот Џемаил Мена, а физички нападнат пред неговиот дом беше и професорот Илјаз Илјази.