Македонија
18. April 2018 - 14:19

Кривична за малолетник од Скопје кој со нож повредил врсник

 Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според МВР, малолетникот со нож му нанел убодна рана на својот врсник, Ф.Р.

Немилиот настан се случил на 10 април годинава околу 13 часот, во двор на скопско средно училиште.