Кривична за криумчарење мигранти
41 годишен жител на скопското село Сингелиќ доби кривична пријава и 30 дневен притвор за круимчарење мигранти.
Случајот бил откриен на почетокот од овој месец на автопатот Гевгелија - Скопје кај селото Прдејци. Како што информираат од полицијата од страна на нивни службеници било забележано возило Хонда со скопски регистарски таблички во кое имало мигранти и кое со голема брзина се упатило кон Скопје.
Откако полицијата тргнала по возилото, во близина на селото Миравци тоа запрело, но само за да излезат мигрантите од него, а потоа возачот продолжил со движење.
За кратко време возилото кое го управувал 41 годишниот жител на Сингелиќ сепак било запрено, а пронајдени се и 14- те мигранти кои ги превезувал. Од нив 11 биле државјани од Авганистан, а тројца од Пакистан.
Ова е последниот во низата случаи со кримчарење мигранти кои полицијата скоро секојдневно ги открива. Од почетокот на годината па заклучно со јуни откриени се 23 такви случаи што е значително зголемување во однос на лани кога за цела година имало 19 такви обиди. Оваа година зголемување има кога се работи и за бројот на криумчарените мигранти. Само до јуни биле откриени 306 лица, за разлика од претходната цела година кога имало 212 мигранти кои се криумчареле.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар