Кривична против полицаец од Виница за несовесно работење
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (48), полицаец во Полициската станица Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
В.Ѓ. при констатиран прекршок на товарно возило управувано од возачот С.М., изготвил записник и барање за поведување прекршочна постапка во која внел невистинити податоци. На местото - сопственик на возилото не го внел ДТ „Негрита“ ДООЕЛ Берово и одговорното лице на тоа правно лице, туку правното лице ДООЕЛ „Малеш Транс“ Берово и лицето Д.К. во својство на одговорно лице. На овој начин ги ослободил правното лице „Нергита“ ДООЕЛ и одговорното лице од прекршочна одговорност, нанесувајќи му штета на „Малеш Транс“ од Берово во висина на глобата што ја изрекол.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток