Кривична пријава за жител на село Теарце поради закана кон новинари
Министерството за внатрешни работи го известило Здружението на новинари на Македонија дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од село Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари, соопштија од ЗНМ.
Од ЗНМ, по однос на ова известување велат дека одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување, а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството и потоа и судот со цел, како што велат, оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата.
На 22 март годинава од страна на Здружението на новинарите на Македонија до СВР Тетово беше поднесено барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на социјалната мрежа фејсбук. Станува збор за случај во кој од профилот на оваа социјална мрежа именуван како Арбен Есати беше објавена содржина проследена со експлицитни закани кон новинари и медиумски работници од медиумите: Без Цензура, ТВ 21, Газета Експрес, Тетова Сот , Коха ТВ, Коха Њуз, Куманова Сот, ТВ Шења и Лајми Пресс.
– Ваквата објава од лицето Арбен Есати предизвикала чувство на страв и несигурност од загрозување на животот на дел од новинарите од овие медиуми и на членови на нивните семејства, велат од ЗНМ.
По ургенцијата од страна на ЗНМ, а во координација со дел од новинарите кои се засегнати од овој случај било доставено образложено барање до МВР за итно спроведување на истрага.
Ова е прв посериозен случај за повреда на правата на новинарите кој го регистрира ЗНМ во 2021 година. од ЗНМ потсетуваат дека во 2020 година биле забележани вкупно 14 напади и сериозни закани кон новинарите, а само еден случај имал судска разрешница.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
