Македонија
30. јуни 2023 - 16:32

Кривична пријава за поранешниот директор на ЈП „Исар“, тонел во долгови, а во сомнителна постапка набавувал метларка

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов, до основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Исар“, поради основано сомнение дека сторил кричвично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во време кога комуналното претпријатие се „давело“ во долгови од 5 милиони евра, тогашниот директор набавил возило метларка во вредност од 90 000 евра, која според тврдењето на градоначалникот, не е во функција.

- Имаме основано сомнение дека е извршено влијание, затоа што станува збор за иста техничка спецификација на компанијата која што ја произведува метларката со техничката спецификација по која што е распишана јавната набавка и тендерот. Затоа, имало очигледно ограничувачки услови за ниту една друга фирма не се пријави на тендерот, а метларката е набавена по енормно висока цена, компаративно со пазарната цена на ваков тип на метларки- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов најави нови кривични пријави и за останати локални функционери, поради основани сомненија за сторени кривични дела кој ги утврдил Ревизорот, чиј извештај е доставен до локалната самоуправа.