Кривична пријава за полицаец од Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М.(44) од Гостивар, полициски службеник во Полициска станица Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“, и И.У.(54) од село Беловиште, Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање“ во врска со “употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот во текот на 2015 година, извршил регистрација на моторно возило “Мерцедес Бенз МЛ 320“, сопственост на второпријавениот, и покрај тоа што возилото не ги исполнувало пропишаните норми и стандарди.
Притоа, првопријавениот направил договор за купопродажба на возилото, склучен во Р. Швајцарија, помеѓу второпријавениот како купувач и лицето Е.М. како продавач, иако знаел дека второпријавениот не бил во Р. Швајцарија.
По ова Г.М. договорот го приложил како доказ во Одделот за управни работи при Полициска станица Гостивар. И.У. на првопријавениот му приложил и Потврда за пријавен престој во Р. Косово, во којашто било наведено дека тој престојувал во странство од 09.12.2014 година до 18.12.2014 година.
Потоа Г.М. ја изменил потврдата, и навел дека се однесува на временскиот период од 09.12.2013 година до 18.12.2014 година, по што потврдата ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерство за економија на Р.Македонија.
Ново на Сител
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
