Кривична пријава за лабуништанец за злоупотреба на службена положба и затајување данок
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно продолжено казнено дело „даночно затајување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.А. (46) од струшкото село Лабуништа.
Лицето, како што соопшти денеска СВР Охрид, во својство на управител на правното лице за трговија и услуги „Спорт Шкорпион“, во временски период од 2013 до 2018 година, остварениот приход не го внесувал на жиро сметка на правното лице, туку износот го прибавувал за себе. Со тоа, како што е наведено, го оштетил правното лице за 8.710.261 денари.
Пријавениот, во истиот период одбегнал обврска за плаќање данок на добивка, данок на додадена вредност и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 2.435.110 денари.
Ново на Сител
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор