Кривична пријава за багеристот за смртта на младиот колега

Вчера околу 11,15 часот едно лице го загуби животот во несреќен случај при изведување градежни работи во близина на с.Бачишта-кичевско. Во општата болница во Кичево, од здобиените повреди, Башким Д. (24) од с. Челопек-тетовско им подлегнал на повредите здобиени од удар на стебло кое било префрлано со градежна машина „Багер“.
Настанот се случил при изведување на градежни зафати извршувани од градежната компанија „Перпарими“ од с.Челопек за изградба на мини хидроцентрала.
Со телесни повреди се здобил Р.И. (50) од с.Челопек кој е испратен во медицинскиот центар во Тетово на понатамошно лекување. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител, трудова инспекција од областа на безбедност и заштита при работа и работни односи како и
полициски екипи од полициската станица во Кичево. По наредба на јавниот обвинител, во текот телото на починатиот е предадено за обдукција.
Полициската станица Кичево, против И.И.(41) од с.Челопек вработен во градежната компанија „Перпарими“ кој го управувал багерот, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
