Кривична пријава за 26-годишен скопјанец за поседување марихуана
Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Д.Т.(26) од Скопје осомничен дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана, за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што соопшти МВР, на 14 септември во 20:45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно на паркинг од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, било извршено легитимирање и преглед на возило марка “Шевролет-Спарк“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.Ј.(18) од Скопје. Во возилото биле и Д.К.(18) од Скопје, кој бил сопатник и пријавениот Д.Т. кој бил совозач во возилото.
- При извршениот преглед во возилото кај лицата И.Ј. и Д.К. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, додека при обидот за легитимирање и преглед на пријавениот истиот постапил спротивно на предупредувањата и наредбите на полициските службеници дал активен физички отпор и ги спречил полициските службеници во преземањето на започнатите службени дејствија по што се дал во бегство и искористил прилика од себе да исфрли една полиетиленска ќеса со непозната растителна материја спакувана во топчеста форма, се наведува во соопштението.
Полициските службеници, се додава, успеале да го стигнат пријавениот по што тој бил приведен, а потоа се вратиле на местото каде претходно пријавениот ја фрлил полиетиленската ќеса со непознатата растителна материја и при преглед на местото на настанот ја пронашле ќесата со непознатата растителна материја.
Пријавениот заедно со лицата со кој бил затекнат биле приведени во ПС-ОН-Гази Баба и со нив бил извршен разговор. По документирањето на настанот и извршениот разговор, во консултација со Јавен обвинител пријавениот Д.Т. бил задржан во ПС-ОН-Гази Баба заради спроведување понатамошна постапка, додека И.Ј. и Д.К. биле пуштени од полициска станица, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст