Кривична пријава против вработен во Општина Битола за примање поткуп
Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола денеска ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во Општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.
-Пријавениот во периодот од 12 април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврата индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврата и со тоа сторил кривично дело „Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека В. П. во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен обвинител.
Ново на Сител
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри