Кривична пријава против скопјанец поради неовластено приредување игри на среќа
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М. (64) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“.
МВР соопшти дека пријавениот како физичко лице, во текот на 2015 година во точно неутврден временски интервал, во објект во општина Шуто Оризари, поставил 14 автомати и неовластено приредувал игри на среќа со ставање во функција на автоматите, без притоа да ја поседува потребната лиценца од Министерство за финансии.
На 12.11.2015 година, по претходна пријава за нарушување на јавен ред и мир, од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот во објектот при што се затекнати три лица како играат на автомати за игри на среќа, кои неовластено биле поставени од страна на пријавениот, а кој за одреден паричен надомест од 10 до 500 денари им дозволувал на играчите одреден број на кредити во автоматите за игра. На тој начин неовластено организирал играње на автомати за игри на среќа и одбегнал да уплати давачка во износ од 78.750 евра во денарска противредност за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клубот.
Полициски службеници од СВР Скопје-ЕЕКК, во координација со полициски службеници од Единица за увид на местото на настан при СВР Скопје и со инспектори од Управата за јавни приходи, извршена е контрола при што е констатитано дека во просторијата има 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви. Од страна на инспекторите од Управата за јавни приходи изработен е Записник за извршена надворешна контрола, Записник за сторен прекршок и Решение за забрана за приредување на игри за среќа во деловната просторија, а од страна на СВР Скопје-ЕЕКК одземени се паричните средства во вкупен износ од 605 денари затекнати кај пријавениот, 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви, 15 клучеви за апаратите и четири клучеви за отварање на автоматот.
Затекнатите лица и пријавениот Б.М. биле приведени каде биле извршени разговори со истите при што ги потврдиле наводите од пријавата. Лицето Б.М. предходно не е пријавуван за слични или други кривични дела.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје