Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонски Брод
Против поранешниот градоначалник на Македонски Брод М.В. (60) покрената е кривична пријава за помагање во врска со „злоупотреба на службена положба“, со што на скопјанецот Н.А. му е овозможено бесправно да се стекне со парцела во сопственост на државата на која се наоѓал објект – каптажа на извор за вода.
Како што соопшти МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М. В. (60) од Македонски Брод за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Н. А. (57) од Скопје за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, и против Д. К. (35), Љ. М. (51) од Скопје, З. Н. (58), С. Ѓ. (60) и Ј. В. (57), сите од Македонски Брод за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од мај 2016 до јули 2017 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Македонски Брод, формирал комисија за изготвувањето локално урбанистичка планска документација за градежна парцела во атар на село Белица, по што петто, шесто и седмопријавениот, како членови на наведената комисија, во договор со првопријавениот, не прикажале инфраструктурен објект од јавен интерес – каптажа на извор за вода, кој се наоѓал на наведената парцела. Исто така, третопријавениот, како геометар и четвртопријавениот, како управител на друштво за геодетски работи „Гео-Модерн“ ДОО Скопје, изготвиле геодетски елаборати за парцели на подрачје на село Белица, во кои не го прикажале наведениот инфраструктурен објект.
По ова, петто, шесто и седмопријавениот, по извршен увид на терен на наведената локација, ја потврдиле состојбата наведена во елаборатот изготвен од трето и четвртопријавениот. Потоа, била спроведена постапка за носење на локално урбанистичка планска документација и отуѓувањето на наведената парцела сопственост на Република Северна Македонија, и истата станала сопственост на второпријавениот, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист – објект каптажа на извор за вода, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024